Дома Фудбал Зидан: Бејл не е со нас бидејќи не сака да игра

Зидан: Бејл не е со нас бидејќи не сака да игра

Зинедин Зидан и Герет Бејл веќе неколку години се во лоши односи и на никој не му е јасно зошто играчот се уште не го напуштил Реал.

Бејл во претходните две сезони не се изнаигра во Реал и натпреварите најчесто ги гледаше од клупата. Тогаш кога ќе добиеше шанса да игра на Бернабеу добиваше свирежи од навивачите на клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, се чини дека овој пат односите помеѓу Зидан и Бејл се многу повеќе наруштени. Велшанецот дури и не е во конкуренција за натпреварот против Сити и очигледно дека е на излезните врати на Бернабеу.

Зидан на вчерашната прес конференција не успеа да го избегне прашањето за Бејл, па одговори кратко:

„Не сакам ништо да кажам. Го почитувам Бејл како и сите играчи. Некои работи треба да останат во соблекувалната помеѓу тренерот и играчот и тоа е се. Тој не сака да игра и тоа е единствената работа која ќе ви ја кажам.“ – рече Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…