Дома Фудбал Англија „Земјотрес“ на Островот: Принцот од Саудиска Арабија го купува Манчестер Јунајтед!?

„Земјотрес“ на Островот: Принцот од Саудиска Арабија го купува Манчестер Јунајтед!?

Иако во претходните неколку години „црвените ѓаволи“ немаат добри резултати на теренот, сепак Манчестер Јунајтед и понатаму е еден од најголемите и најбогатите фудбалски клубови на светот.

После заминувањето на Сер Алекс Фергусон во пензија „црвените ѓаволи“ никако да се вратат на старите славни стази. Сопствениците на клубот, семејството Глејзер се обидува на сите начини да го „разбуди“ гигантот од „Олд Трафорд“, но тоа се уште не вроди со успех.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиските медиуми утрово ја шокираа јавноста со објавата дека семејството Глејзер може да го продаде Манчестер Јунајтед бидејќи принцот од Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман е сериозно заинтересиран за го купи клубот.

Тој дури и отворено призна дека негова желба е да стане сопственик на некој клуб, а Манчестер Јунајтед е негова најголема желба.

Богатството на овој принц изнесува вртоглави 850 милијарди фунти, па иако Манчестер Јунајтед е еден од највредните клубови на светот, тоа за него нема да претставува никаков проблем.

Имено, клубот од „Олд Трафорд“ во овој момент е проценет на три милијарди фунти, а Мохамед бин Салман е спремен веднаш да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …