Агусто Бенедито повеќе не е кандидат за претседател на Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имаше големи планови кои вклучуваа рушење на „Ноу Камп“ и изградба на целосно нов стадион, а зборуваше и за можно заминување на Меси па остана без поддршка.
Тој објави дека останал без поддршка откако не успеал да ги собере потребните 2257 гласови за да биде помеѓу кандидатите.
Кандидати на изборите ќе бидат: Виктор Фонт, Тони Фреикс, Емил Роусауд и Жоан Лапорта. Овие четворица денес ќе се појават во клубот за да ги предадат потписите.
Претседателските избори во Барселона се закажани за 24. јануари, фаворит за победа е поранешниот претседател Жоан Лапорта.