Дома Фудбал Останато За Јунајтед е легенда, а во Серија А – едно од промашувањата на деценијата!

За Јунајтед е легенда, а во Серија А – едно од промашувањата на деценијата!

Името на Немања Видиќ сигурно асоцира на легенда на Манчестер Јунајтед и на едно од најголемите засилувања на „црвените ѓаволи“ во ерата на Сер Алекс Фергсуон, но во Италија не е баш така.

Еден од најпознатите италијански медиуми „Калчомеркато“ направи листа на најголемите трансфер промашувања во Серија А во последна деценија и помеѓу нив може да се прочита и името на Видиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Видиќ за две години во Интер не остави никаков впечаток. Српскиот стопер во редовите на „нероаѕурите“ дојде во 2014 година и се задржа до 2016 кога стави крај на кариерата.

На листата покрај Видиќ место доби и уште еден Балканец, Хрватот Никола Калиниќ. Калиниќ играше за Фиорентина, а потоа потпиша за Милан на крајот заврши со катастрофален учинок од само шест гола на 41 натпревари.

На листата се најдоа уште имињата на: Робин Олсен, Кондгобија, Андреа Бертолачи, Андре Силва, Таје Таибо и Бруно Перес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Антоан Семењо преминува во Сити за 75 милиони евра. Романо потврди.

Крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо, се наоѓа пред трансфер во Манчестер Сити, отка…