Одбојкарската репрезентација на Македонија вчеравечер победувајќи ја Унгарија испиша една убава страница во историјата на македонскиот спорт.
Вчера совладана беше Унгарија со 3:0 во сетови, имавме среќа да победат Шведска и Летонија, па така во септември нашите момци ќе играат на континенталниот собир кој за прв пат ќе се одржува во четири држава – Белгија, Франција, Холандија и Словенија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквиот успех не помина незабележано и од Европската федерација (ЦЕВ). Тие нашиот успех го означија како едно од најпријатните изненадување, заедно со пласманот на Црна Гора која исто како и нас за прв ќе игра на едно Европско првенство.
„Македонија предводена од Никола Ѓоргиев и друштвото ја победи Унгарија со 3:0 и обезбеди историски пласман на Европското првенство“, стои помеѓу другото во текстот на ЦЕВ.
На ждрепката ние ќе бидеме во последниот шешир, а ќе се формираат четири групи од шест селекции. Првите четири од секоја група ќе одат во следната фаза.
Европското првенство ќе се одржи од 12-ти до 27-ми септември.