УЕФА вчера ја потврди суспензијата на Демирал, а за таа ситуација се огласи и претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.
Демирал голот против Австрија го прослави со симболто на „сивите волци“ која е ултранационалистичка турска група. По натпреварот Демирал истакна дека не се кае и дека повторно на би славел на тој начин.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така доби суспензија од два натпревари и денес против Холандија нема да игра, како ниту во полуфиналето ако Труција се пласира.
На натпреварот против Холандија во Берлин денеска ќе биде присутен и претседателот на Турција, Ердоган за да му даде поддршка.
„Зошто никој не се запраша зошто на дресот на репрезентацијата на Германија стои орел или на дресот на Франција петел? Мерих со тој гест само покажа емоции“, изјави Ердроган.