Meрих Демирал имаше вечер за паметење во која ја одведе Турција во четвртфиналето на Европското првенство, меѓутоа по овој дуел би можел да се соочи и со одредени проблеми.
Наводно, Демирал може да биде суспендиран од Европската куќа на фудбалот поради начинот на кој славеше еден од своите голови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Демирал прослави со контроверзен симбол кој промовира десничарска екстремистичка идеологија која верува во супериорност на „турската раса“ и тежнее да ги обедени сите турски народи во една држава кој според нив се протега од Балканот предку централна Азија се до Кина.
Не е познато каква, но се најавува дека УЕФА ќе има реакција за ваквата негова прослава.
Од друга страна Демирал не гледа проблем.
„Начинот на кој го славев погодкот е поврзан со мојот турски идентитет, затоа го направив тој гест. Видов луѓе на стадионот кој го прават истиот гест, не постои никаква скриена порака. Сите ние сме Турциј, горд сум што сум Турчин и само сакав да покажам колку сум среќен, се надевам ќе имам повеќе прилики повторно да го покажам овој гест“, изјави дефанзивецот по натпреварот.