Дома Фудбал Германија За случајот „Озил“ сега се огласи Јоаким Лев: Се обидов да разговарам, му испратив и порака…

За случајот „Озил“ сега се огласи Јоаким Лев: Се обидов да разговарам, му испратив и порака…

low ozil

Селекторот на репрезентацијата Јоаким Лев денес во јавноста зборуваше за одлуката на Месут Озил да ја напушти репрезентацијата на Германија.

Озил неодамна се повлече од репрезентацијата поради расизам и дискриминација, изјавувајќи дека кога Германија победува никој не го забелжува, а кога ќе бидат поразени веднаш е најмногу критикуван.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Лев очекувано ги отфрли наводите за расизам во репрезентацијата.

„Неговиот менаџер ме повика и ме извести дека Месут се повлекува од репрезентацијата. Фудбалерот не ме побара. Озил избра поинаков пат, а до овој момент можам да потврдам дека не сме разговарале. Се обидов да разговарам, му испратив и порака, но не успеав да го добијам. Тоа морам да го прифатам, веројатно ја потценив целата ситуација“, изјави Лев.

Ќе потсетиме Озил беше на удар на критики на германската јавност поради слабата форма, но и поради фотографијата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Продолжува агонијата на Пакета – одложено е сослушувањето!

Предолго трае аферата околу фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, а сега е јасно дека тој …