Вчеравечер беше пронајден авионот со кој исчезна аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој леташе од Нант кон Кардиф.
Авионот управуван од пилотот Дејв Иботсон исчезна на 22-ри јануари. Полицијата и државните служби имаа потрага која траеше три дена и во која немаа успех. Откако тие прекинаа фудбалскиот свет собра 300.000 евра и беше ангажиран експертот и ловец на бродови Дејвид Мернс, па потрагата продолжи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мернс го пронајде авионот вчера наутро и како што откри ги известил службите, но јавноста беше известена дури 15 часа подоцна. Авионот бил пронајден на дното на англискиот канал.
Таткото на фудбалерот, Хорасио Сала за аргентинските медиуми откри дека веста ја слушнал на телевизија.
„Како и сите слушнав на телевизија, ова е еден сон, многу лош сон. Очаен сум. Последен контакт со експедицијата имав во саботата. Поради тоа што немаа Ватсап не можев да сум во контакт постојано“, порачал Хорасио за телевизијата „Хроника ТВ“.