Вчера полицијата го идентификуваше телото пронајдено во авионот на дното на англискиот канал така сите надежи дека може да се случи чудо со Сала згасна…
После идентификацијата денес службите телото ќе го предадат на неговото семејство, но оние љубители на теориите на заговор веднаш започнаа да си поставуваат прашања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И не можеме да кажеме дека грешат се додека доказите не ги демантираат. Некои работи во целата ситуација се навистина чудно.
Прво започна со информацијата за промена на пилотот во последен момент, па непоседувањето лиценца, за сега во авионот на дното да биде пронајдено само едно тело.
„Во авионот беа двајца, Сала не беше сам. Каде е другото тело. Прво се смени пилотот во последен момент, а сега и овој го нема. Се случуваат навистина чудни работи“, гласат дел од прашањата на луѓето кои го следат овој случај.
Сомнежите се зголемуваат и поради седиштето најдено на плажа во француското крајбрежје кое најчесто припаѓа на пилотот во ваквите авиони. Тоа не е потврдено дека е дел од авионот, но постојат сомневања дека е можно пилотот да скокнал од авионот пред падот во морето.