Вечерва во италијанската Серија А ќе сретнат Наполи и Џенова, а ние тој натпревар го гледаме како дуел на ЕлиФ Елмас и Горан Пандев.
Дури и Италијанците уште вчера имаа посебна најава за дуелот на двајцата Македонци кои ги опишаа како принц и крал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова ќе биде прв пат нашиот одличен тандем во репрезентацијата да биде на спротивни страни и во различни дресови. Посебно интересно е што Елмас во овој момент има најголеми шанси да биде нов лидер и наследник на капитенот, како во репрезентацијата, така и во Италија ако се одлучи да гради кариерата на „чизмата“.
Пандев во Италија ја игра својата 18-та сезона, додека Елмас е во својата прва откако летово од Фенербахче се пресели под Везув.
Иако едниот е во залезот на кариерата, а другиот на самиот почеток Елмас и „батко“ Пандев одлично се надополнуваат еден со друг и создаваат тандем каков што сме немале од поодамна.
Дали вечерва ќе победи Наполи или Џенова за нас и не толку важно, сакаме само двајцата да одиграат на високо ниво и да покажат дека се во топ форма пред последниот квлафикациски циклус. Пандев со доаѓањето на Мота се разбуди и постигна два гола, додека Анчелоти се уште иако секогаш кажува пофални зборови за Елмас не му дава некоја преголема минутажа.
За само седум дена Пандев и Елмас повторно ќе бидат на иста страна на гостувањето на Македонија во Австрија и тогаш нема да бидеме поделени навивачки, а вечер сакаме да уживаме во нивниот прв дуел.