Дома Фудбал Италија За прв пат во Италија: Цела судиска организација ќе му се извини на Милан?

За прв пат во Италија: Цела судиска организација ќе му се извини на Милан?

Најавен е состанок на управата на Милан и судиската организација на Италија.

Вчерашното големо дерби во Торино беше завршено со победа на домаќините после пресврт што секако е проблем за Милан во борбата за место во Лигата на шампионите.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Натпреварот покрај играчите го обележа и главниот судија на натпреварот Фабри кој немаше своја вечер и донесе некои погрешни одлуки.

Од Милан тврдат дека судијата Фабри ги оштетил во две ситуации. Прво кога топката после шутот на Калабрија го погоди во рака Алекс Сандро, Бразилецот се наоѓаше во својот шеснасетник.

Втората ситуација е моментот кога Марио Манџукиќ кој веќе имаше жолт картон го удри Ромањоли. Хрватот јасно го удри Ромањоли што може да се види на повторената снимка, но судијата не го санкционираше.

Сега поради револтот на „росонерите“ се најавува состанок.

Делегацијата на Милан ќе ја предводи Џенаро Гатузо според некои извори и Леонардо ќе биде присутен на состанокот со Никола Рицоли кој е одговорен за делегирањето на судиите и Марчело Ничи кој претседател на судиското здружение.

Ако им веруваме на најавите на „Скај Спорт“ првиот човек Рицоли ќе се извини на Милан во име на целата организација и ќе се обиде да ги објасни одлуките на Фабри.

Состанокот е закажан за утре и останува да се види што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ го продава Скиниар

Раководството на ПСЖ се обидува да го продаде Милан Скриниар, иако го доведе пред само едн…