Никому не му греела свеќата до зори, така барем велат. Во овој случај тоа не е во негативен контекст со оглед на тоа дека се ближи крајот на некои од најголемите фудбалски кариери.
Следното лето, некогаш големите ѕвезди, ќе станат слободни играчи, иако можеби не на сите оние кои ќе ги наброиме, со оглед на тоа дека се уште имаат шанса да ги продолжат договорите со своите клубови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, според она како сега стојат работите, следното лето слободни играчи ќе станат: Петар Чех, Начо Монреал, Антонио Валенсија, Даниеле де Роси, Цеск Фабрегас, Френк Рибери и Оливие Жиру.
Секој од споменатите има преку 30 години и јасно е дека им остана уште малку време во кариерата, но секако не може да се очекува дека за било кој од нив ова ќе биде последна сезона, туку очекуваме, да ги продолжат договорите со актуелните клубови,или ќе пронајдат нов ангажман следното лето. Сепак, не би било изненадување ако некој како Рибери одлучи да ја заврши кариерата по финишот на оваа сезона.
Како и да е, листата играчи на кои им истекува договорот на крајот од оваа сезона изгледа импресивно, па веројатно ниту еден од нив нема да има проблем со евентуално пронаоѓање на нов ангажман, а такво нешто се очекува од Оливие Жиру, Цеск Фабрегас и Петар Чех.