Дома Фудбал Останато За него Сити пред четири години плати 32 милиони евра, а денес тренира со четвртолигаш

За него Сити пред четири години плати 32 милиони евра, а денес тренира со четвртолигаш

Се сеќавате на Вилфред Бони, напаѓачот кој Манчестер Сити пред четири години доведе од Свонси за 32 милиони евра?

Денес 30 годишниот напаѓач е без клуб и тренира со четвртолигашот Њупорт.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Одлично е да имате ваков играч во тимот. Се труди на тренинзите и е вистински професионалец“, го пофали тренерот на Њупорт, Мајк Флајн.

Бони во Сити одигра 46 натпревари и постигна 11 голови. На позајмицата во Стоук постигна само два гола, а потоа се врати во Свонси за 13 милиони евра.,

Во клубот во кој се прослави не супеа да ги повтори настапите од сезоната 2013/14 кога постигна вкупно 25 голови. Свонси испадна од лигата, а Бони не блескаше ниту во втората лига каде што на теренот помина само 181 минута и постигна еден гол.

Велшкиот клуб одлучи да го позајми во Ал Араби за ова лето да го раскине договорот со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трансферот на Александер-Арнолд во Реал Мадрид се претвори во кошмар?

Престојот на Александр-Арнолд во Реал Мадрид во Шпанија оди по сосема различно сценарио од…