Денес во 18:30 часот Милан и Јувентус ќе играат во италијанскиот Суперкуп.
Веќе е традиција овој натпревар да се игра надвор од Италија, а овој пат се донесе одлука домаќин да биде Саудиска Арабија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Навивачите на двата клуба со нетрпение ја чекаат нова пресметка помеѓу големите ривали, но само ретки ќе имаат можност да го гледаат во живо бидејќи се игра далеку од Торино и Милано.
Поради ваквата ситуација јавноста на „Чизмата“ е лута, а најжестоки критики испрати „Газета дело Спорт“.
„Овој натпревар е се само не италијански. Срамно е што поради пари или нешто друго едни од нашите најголеми клубови играат надвор од Италија. Ова не е пријателски натпревар, ова е борба за трофеј“, стои помеѓу другото во текстот на Газета.
Од формирањето на ова натпреварување во 1989 година, Суперкупот на Италија 10 пати се играл надвор од земјата.