Дома Фудбал Репрезентации Зарем е можно дека овие Бразилци нема да ги гледаме на Копа Америка?

Зарем е можно дека овие Бразилци нема да ги гледаме на Копа Америка?

Селекторот на Бразил Тите вчера го објави списокот на играчи за Копа Америка и предизвика големи реакции во јавноста.

Тите порача дека тоа е конечен список и дека може да дојде до промени само ако некој се повреди. Бразилската јавност е изненадена од тоа што некои играчи кои играа одлично оваа сезона не добија повик.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секако, не требаше долго на друштвените мрежи да се појави список на играчи кој е исто така силен, но Копа Америка тие играчи ќе ја гледаат од својот дом.

Големо изненадување е што на списокот го нема Марсело од Реал Мадрид, но и Лукас Моура кој со своите игри во Тотенхем ја воодушеви европската јавност.

На тој список покрај Марсело и Моура се наоѓаат уште Малком (Барселона), Алекс Телес (Порто), Даглас Коста (Јувентус), Фелипе Андерсон (Вест Хем), Фабињо (Ливерпул), Вилијан (Челзи) и Винисус Жуниор (Реал Мадрид).

Ова списокот на играчи за кои се одлучи Тите:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Касиот (Коринтијанс), Едерсон (Манчестер Сити)Одбрана: Алекс Сандро (Јувентус), Даниел Алвеш (ПСЖ), Едер Милитао (Порто), Фагнер (Коринтијанс), Филипе Луис (Ателтико Мадрид), Марквињош (ПСЖ), Миранда (Интер) и Тиаго Силва (ПСЖ)

Среден ред: Алан (Наполи), Артур (Барселона), Каземиро (Реал Мадрид), Фернандињо (Манчестер Сити), Лукаш Пакета (Милан) и Филипе Кутиљо (Барселона)

Напад: Давид Нерес (Ајакс), Евертон (Гремио), Габриел Жезус (Манчестер Сити), Нејмар (ПСЖ), Роберто Фирмињо (Ливерпул) и Ричарлисон (Евертон).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…