Дома Луд Спорт Запознајте го „Тимот на чудата“ – фудбалери со хендикеп кои ќе ве воодушеват (видео)

Запознајте го „Тимот на чудата“ – фудбалери со хендикеп кои ќе ве воодушеват (видео)

Понекогаш тешките повреди и несреќи кои што ќе ги доживеете во животот не се пречка за остварување на вашите соништа! Доказ за тоа е еден фудбалски клуб од Египет.

„Тимот на чудата“ е клуб од Каиро чиј дрес го носат фудбалери со ампутирани нозе. Во центарот на вниманието беа минатиот месец кога сликата на нивниот капитен Мохамед Абду како го слави пласманот на Египет на Мундијалот во 2018 година го обиколи светот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Абду има 28 години, за да преживее работи како слободен адвокат и во продавница, а секогаш кога има слободно време игра фудбал.

На возраст од шест години Абду по тешка сообраќајна несреќа останал беа една нога, но тоа не му претставувало пречка да ја исполни својата страст кон фудбалот.

„Повредата од најраните години ме направи уште посилен. Кога сум јас во прашање, таа не смени ништо, таква била мојата судбина“, вели Абду.

Иако се хендикепирани, играчите на „Тимот на чудата“ немаат никаква финансиска помош, а играат на терени кои сами ги изнајмуваат.

„Контактиравме државни институции, клубови, деловни луѓе. Тренираме на терени кои сами ги изнајмуваме. Да плаќаме со наши пари“, додава Абду.

Најголемиот сон на овој фудбалер е еден ден да го запознае својот идол, Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…