Дома Фудбал Италија Зампарини го „предаде“ Марота: Се молам Наполи да го освои Скудетото

Зампарини го „предаде“ Марота: Се молам Наполи да го освои Скудетото

Контроверзниот италијански претседател на Палермо често пати е во центарот на вниманието на италијанската јавност поради своите контроверзни изјави.

Иако е познато дека има одличен однос со управата на „старата дама“ сопственикот на клубот од Сицијлија никогаш не криеше дека не поседува премногу симпатии кон торинскиот гигант.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Се молам секој ден Наполи да го освои Скудетото. И покрај моето пријателство со Бепе Марота со кој работев 15 години. Се надевам дека ќе заврши доминацијата на Јувентус. На Наполи му недостасува искуство, но според моето мислење, но според мене тоа е тимот кој игра најдобар фудбал во Серија А“, изјави Зампарини.

Зампарини во февруари оваа година го продаде својот клуб на Англо-американскиот фонд, но после оставката на Паул Бакалињо повторно се врати на таа позиција. Во текот на досегашната кариера Зампарини е познат како сопственик кој знае да смени неколку тренери и во една сезона.

napoli

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сари: Модриќ во Милан? Мислам дека ПСЖ ни одржа лекција на сите

Лука Модриќ наскоро ќе ги одигра последните натпревари за Реал Мадрид на Светското клупско…