Дома Трансфер зона Жоржињо за да си оди од Челзи чека понуда од еден клуб?

Жоржињо за да си оди од Челзи чека понуда од еден клуб?

Италијанскиот фудбалер Жоржињо има договор до следното лето со Челси и нема намера да го продолжи истиот, па така следното лето ќе замине како бесплатен фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе неколку месеци се најавува заминувањето на Жоржињо од екипата од Лондон, а со неговиот потпис се поврзуваа Јувентус и други тимови, но сепак Италијанецот решил да одбие сè и да ја чека Барселона.

Шпанските медиуми пишуваат дека Жоржињо ѝ дал предност на Барселона и сака да преговара со каталонскиот гигант, а на екипата на Жоан Лапорта ѝ одговара ваков трансфер затоа што не треба да плати отштета.

Жоржињо го засили Челси пред четири ипол години за 60 милиони евра, но во последниот период не игра на очекуваното ниво и затоа е критикуван од навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…