Дома Трансфер зона Жорди Алба ја напушта Барселона: Следна дестинација Италија?

Жорди Алба ја напушта Барселона: Следна дестинација Италија?

Жорди Алба би можел да биде еден од оние кои ќе ја напуштат Барселона ова лето.

Според информациите од Каталонија ова лето. Барселона е спремна да спогодбено да го раскине договорот со Алба ако добие понуда која ги задоволува нивните апетити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наводно, во опција е Атлетико Мадрид кој би го довел Алба на местото на Серхио Регулион кој нема да биде откупен. Сепак, Атлетико не единствена опција за Алба, ситуацијата ја следат Јувентус и Интер кои се во финаниски проблеми и бараат играчи кои можат да ги засилат без да потрошат многу.

Алба во наредната сезона во Барселона треба да ја има најголемата плата од кога е во клубот поради претходното прифаќање за намалување на платата кога Бартомеу беше претседател. Тогаш договорот беше тој дел од парите да му се исплати во последната година од договорот.

Сепак, Барселона се уште не е излезена од кризата, па платата би била големо оптеретување за буџетот на Барселона. Алба би можел да остане само ако прифати драстично намалување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…