Дома Топ вести Од „Ла Масија“ до легенда: Алба со емотивно видео се прости од Барселона 🎥

Од „Ла Масија“ до легенда: Алба со емотивно видео се прости од Барселона 🎥

Како и што беше најавено Жорди Алба официјално си заминува од Барселона.

Алба на социјалните мрежи објави официјално видео од неговите најважни моменти во дресот на Барселона, како и периодот додека беше во Ла Масија. На голема врата во каталонскиот гигнат се врати во 2012 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако се погледне се што Алба направи за Барселона, шпанскиот дефанзивец забележа 99 асистенци и освои 18 трофеи, па јасно е дека заминува како легенда на клубот.

Својата љубов кон клубот, Алба ја покажа и така што прости голем дел од платата која клубот требаше да му ја исплати во неговата последна сезона, наредната. Така и помогна на Барселона полесно да функционира во летниот преоден рок.

Неодамна потврдено беше и заминувањето на Серхио Бускетс, претходно замина Пике, па така ова е крај на една голема и успешна ера на Барселона.

Интересно е што заминувањата на Алба и Бускетс доаѓаат во момент кога на големо се најавува враќање на Меси, а токму тие двајца се најдобрите пријатели на Меси од клубот. Аргентинецот често се среќаваше со нив откако замина во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…