Оливие Жиру од оваа сезона е член на калчолигашот Милан и има своја улога во добрите резултати на екипата на домашна сцена.
Французинот подолго време се поврзуваше со трансфер во Италија, во игра беше и Јувентус, но тогаш беше член на Челзи и остана на „Стенфорд Бриџ“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тогаш мислев дека е добро да останам и со оглед на тоа како заврши сезоната ја донесов вистинската одлука. Јувентус немаше добар почеток, но не значи дека не се силни. Пред почетокот на сезоната мислев дека ќе бидат во трка за титулата, без разлика што си замина Роналдо го имаат Дибала кој е нивни клучен играч“.
Може ли Милан сезонава до Скудето?
„Само што започна вториот дел од сезоната, не треба да се грижиме за табелата. Мораме да се фокусираме од натпревар во натпревар. Блиску сме до Интер и сигурен сум дека ќе се бориме до крајот“, изјави Жиру.