Дома Останати Кошарка НБА Жестока тепачка во НБА: Ибака и Крис си разменуваа тупаници! (ВИДЕО)

Жестока тепачка во НБА: Ибака и Крис си разменуваа тупаници! (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Кливленд и Торонто го обележа жестока тепачка на паркетот.

Крилниот центар на Рапторси, Серж Ибака и кошаркарот на Кливленд Маркез Крис буквално се степаа во текот на третата четвртина после што двајцата заработија исклучување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се започна откако Крис одигра нешто посилно над Ибака во одбраната. Овој не сакаше да помине преку тоа и тргна кон противникот.

Прво шпанскиот кошаркар го фати за врат Крис, а потоа започнаа да си разменуваат удари.

Не траеше долго, останатите играчи брзо реагираа и ги разделија, но и тие неколку секунди беа доволни да си разменат повеќе удари.

Дилеми за судијата немаше. Ибака и Крис беа исклучени и сега сигурно ги очекува жестока казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…