Дома Фудбал Останато Жестока казна за Арда Туран!

Жестока казна за Арда Туран!

Најголемата ѕвезда во турскиот шампионат и член на Башакшекир, Арда Туран направи голема глупост на последниот натпревар против Сиваспор, па денес доби драконска казна.

Поранешниот играч на Барселона и Атлетико доби суспензија од 16 натпревари поради тоа што го оттурна помошниот судија протестирајќи при една ситуација.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Од оваа казна, десет натпревари се за оттурнувањето, три за навредите и уште три за заканите упатени кон арбитарот. Покрај суспензијата, Туран доби и парична казна од 9.000 евра.

Башакшекир во 92-та минута прими несреќен гол за 1:1, што на крајот може да го чини и титула. Поради тоа домашните фудбалери беа потполно индиспонирани и нервозни, па Арда направи голема глупост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Партизан го врати тренерот кој го отпушти пред три месеци!

Срѓан Благојевиќ го презема кормилото на тимот на Партизан повторно. Само неколку месеци о…