Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике за неколку месеци ќе наполни 33 години и веќе размислува за завршување на кариерата.
Договорот на Пике со Барселона истекува во 2022 година и нема намера да продолжи да игра после тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш сум велел дека последниот клуб во мојата кариера ќе биде Барса. Немам никакви намери да облекувам други дресови. За мене да бидам дел од Барса е најголема чест и привилегија. Мојата намера е да го одработам договорот до 2022 година, меѓутоа немам проблем за се повлечам и порано. Сепак, сметам дека ќе можам да играм на високо ниво до 2022 година“, изјави Пике.
Како човек со широки интереси за него нема да биде голем шок прекинувањето со играње фудбал.
„Знаеме дека кариерите ни се кратки и кога ќе завршат би требало да се фокусираме на други нешта. Има играчи кои отвараат ресторани или друг бизнис, други им се посветуваат на семејствата. Не завршува се со фудбалот“, додаде Пике.
?️Piqué habla sobre su futuro. ➡️"Lo he dicho siempre, mi último equipo será el FC Barcelona" ➡️"Me veo capaz de aguantar hasta 2022"#fcb #fcbarcelona #barca #barsa #barcelona #pique #gerardpiqué #mercato pic.twitter.com/1OBd2hN19s
— diarioball (@diarioball) November 21, 2019