Дома Македонски спорт Женската репрезентација до 19 години со победа го отвори турнирот во Словенија

Женската репрезентација до 19 години со победа го отвори турнирот во Словенија

Македонската женска репрезентација до 19 години славеше со 2:0 против Лихтенштајн на првиот квалификациски меч од УЕФА Б лигата на турнирот во Словенија. 

Нашата селекција е во група со домаќинот Словенија, Молдавија и Лихтенштајн. 


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Селекцијата предводена од Астрит Мерко запиша сигурна победа во првиот круг благодарение на головите на Божиноска во 37. минута и Милчевска во 68. минута. Противникот немаше сила за евентуално изненадување и покрај тоа што нашата репрезентација речиси цело второ полувреме играше со фудбалерка помалку по исклучувањето на Кузмановски. 

Вториот меч во оваа група го играме против Молдавија на 9. април. Турнирот го затвораме на 12. април со дуел против Словенија.  

Словенија ја победи Молдавија со 3:1 на дуелот од првиот круг меѓу двете селекции. 

Македонија до 19 години: Кобакчи, Е. Сулејмани, Недева, Милчевска, Јовановска, Мојсоска, Велкова, Божиновска, Л. Сулејмани, Петкова, Чоклеска; 

Резерви: Зврлевска, Евтинџиоска, Кузмановски, Далипи, Велиу, Головска , Ристовска, Зафировска, Цунева; 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Руд Ван Нистелрој има нова работа, ќе го преземе поранешниот шампион на Англија

Руд ван Нистелрој остави силен впечаток за време на неговиот краток период на чело на Манч…