Дома Фудбал Останато Е ова е ФЕР-ПЛЕЈ: Му дозволија на противникот да изедначи во судиското продолжение и тоа – во финале! (Видео)

Е ова е ФЕР-ПЛЕЈ: Му дозволија на противникот да изедначи во судиското продолжение и тоа – во финале! (Видео)

Сигурно еден од најневеројатните фер-плеј потези иако се работи за младински категории.

Во финалето на еден турнир во Белгија играа белгискиот Унион Сент и англискиот Летерхед (У15), а домаќинот му дозволи на противникот да погоди за изедначување и тоа во судиското продолжение.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


За што се работи?

Имено, еден фудбалер на Латертхед се повреди, топката беше исфрлена надвор од теренот. Белгијците потоа ја вратија топката на противникот, но еден нивни играч не сфати што се случува.

Трчаше по топката и изнуди корнер после кој постигнаа гол за 1:0 во самиот финиш. Кога сфатија што направија, фудбалерите на Унион им дозволија на Англичаните да тргнат од центарот и да го изедначат резултатот.

Сепак, на крајот го освоија трофејот славеа со 6:5 после изведувањето на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти киксна на дебито со Бразил

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го започна својот мандат на чело на бра…