Дома Македонски спорт Што е фер плеј игра?

Што е фер плеј игра?

Моралот во спортот се манифестира со фер плеј игра, која што се постигнува со витешка борба.

Почитувањето на правилата, судиите и противничката екипа може да се дадат како основа за тоа што ја дефинира фер плеј играта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистинскиот играч со својот противник секогаш се поставува со почит и респект, како што се однесува со соиграчите од неговиот тим, но и спрема самиот себе. Фер плеј играч победата не ја користи за да се исмева на противникот, а поразот го прифаќа со крената глава, давајќи рака на ривалот.

Вредностите на фер плеј играта се градат и се пренесуваат од тренерот, кој што е столбот на тимот.

Фудбалот е игра каде најдобри резултати постигнуваат тие екипи кои кај своите извонредни фудбалери ја имаат вбризгано најбитната карактеристика, тимскиот дух. Желбата за соработка и постојано учење кај играчите ја олеснува целосната работа на тренерите. Во голем број случаи фудбалерите знаат да реагираат во афект, каде е потребно брзо стишување на ситуацијата со цел да се одржи хармонијата на играта.

Колку фер плеј игра помеѓу две соседни држави е навистина изводлива?

Натпреварот помеѓу нашата репрезентација и репрезантицајата на нашиот сосед Косово ќе има за задача на 26 март да докаже дека фер игра навистина постои.

Европското првенство 2020 е исклучително важно за Европа, но и за Македонија и македонската репрезентација. Силите на двете екипи, Македонија и Косово, ќе се мерат со ум, стратегии и фер плеј игра.

Феноменалните фудбалери на македонската репрезентација ќе се трудат да го задржат истото темпо на игра, а навивачите со исти сили ќе продолжат да ги бодрат нашите витези.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …