Вардар оваа сезона игра фантастично на стартот од Лигата на Европа и тоа секако може да се смета за изненадување ако се знае низ каков турбулентен период поминаа црвено-црните.
Црвено-црните веќе утре ги очекува нова пресметка во Европа, после трите победа во Скопје гостува тимот на Рајн-Некар, а пред овој меч на официјалната страна на ЕХФ се појави текст посветен на Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар славеше победи против европскиот шампион Монпелје на гостински терен, потоа против Кристијанштад дома и Веспрем на гостински терен, токму овие победи ги импресионираа луѓето од ЕХФ за да го анализираат „новиот“ Вардар.
Според ЕХФ фантастичниот старт на Вардар се должи на шест причини.
ПАРОНДО И ШПАНСКИОТ СТИЛ
Шпанците имаат уникатен стил на игра, а токму во двојката Гонзалес – Парондо Европа го гледаше тајниот рецепт за европската титула на Вардар. Гонзалес си замина, но Парондо со ваквите резултати докажа дека и тој имал голем удел во успехот на Вардар. Во текстот на ЕХФ тимскиот стил на игра на Шпанците кој го практикува и Парондо оваа сезона е една од најважните причини.
ДЕЈАН МИЛОСАВЉЕВ
Младиот српски голман пред почетокот на сезоната можеби имаше голем притисок бидејќи го замени еден од најдобрите голамни во Европа, Арпад Штербик. Сепак, Милосављев не можеше ниту да сонува за подобар старт во Лигата на шампионите. Неговите спектакуларни одбрани и тоа како беа од значење за Вардар. Ќе потсетиме, Милосављев беше избран за играч на месецот во СЕХА лигата.
ТИМСКИОТ ДУХ ПОМЕЃУ ИГРАЧИТЕ
После заминувањата на Штербик, Циндриќ, Марсениќ, Абутовиќ, Кањелас и Македа, јасно е дека квалитетот не на исто ниво, па играчите сето тоа мораат да го надополнуваат со тимски дух и тоа засега им оди фантастично, нагласуваат од ЕХФ.
МОРАЕС ОДЛИЧНО ГО МЕНУВА СТОИЛОВ
Капитенот на Вардар на почетокот на сезоната се соочи со повреда и кога на тоа ќе ги додадете заминувањата се очекуваше Парондо да биде во голем проблем. Сепак, Мораес беше незапирлив и покажа фантастична игра, па во целост го надополни отсуството на Столе.
ПОТЦЕНЕТИ
Вардар во Лигата на шампионите доби тешка група и поради тоа ќе потсетиме од ЕХФ не го сместуваа помеѓу првите 10 екипи во Европа пред почетокот на сезоната. Ваквиот однос веројатно влијаеше и на противниците да помислат дека играат со послаб Вардар од минатата сезона, избраниците на Парондо го искористија тоа на најдобар можен начин
ИГРААТ БЕЗ ПРИТИСОК
Тешката група и заминувањата од ростерот на Вардар беа причина и македонската спортска јавност да има помали очекување. Се очекуваше Вардар да започне нова ера, постепено да гради тим за највисоко дострели, што секако ги ослободуваше играчите од притисокот за победа.
Иако на почетокот можеби се сомневавме сега сме сигурно Вардар повторно е тим за највисоки дострели!
This @HCVardar won’t lie down. Anyone who wrote their obituary after all the high profile departures last season need to think again. Big win away against @mkbveszpremkc #ehfcl
— Tom Ó Brannagáin (@obrannt) September 29, 2018
ТУКА можете да погледнете и текстот од ЕХФ.