Познатиот француски медиум „Л’Екип“ објави нови информации во врска со начинот на кој би се завршила ракометната Лига на шампиони.
Најавите од Французите не се добри за Вардар бидејќи пандемијата од коронавирусот може без борба да го елиминира Вардар и да го остави без можност да ја брани титулата во ЛШ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, за сезоната побрзо да се заврши ЕХФ има намера да го промени системот и да не се играат осминафинале и четвртфинале. Вардар во осминафиналето треба да игра со Пик Сегед, меѓутоа ако овие најави се остварат тогаш без борба ќе биде елиминиран. Според тој план ЕХФ веднаш би одела на фајнл-фор на кој ќе учествуваат најдобрите четири екипи од групите А и Б.
Во таква ситуација во Келн ќе играат ПСЖ, Барселона, Веспрем и Кил.