Дома Останати Ракомет ЕХФ ги објави термините за завршниот турнир во Келн

ЕХФ ги објави термините за завршниот турнир во Келн

Крајот на 2020 година ќе го донесе и фајнл-форот во Келн каде што четири екипи ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020.

ЕХФ сега ги одреди и термините за полуфиналните дуели. Програмата ќе започне на 28. декември со дуелот помеѓу Барселона и ПСЖ. Вечерниот термин тој ден им припаѓа на Кил и Веспрем кои ќе го дадат вториот патник во големото финале кое ќе се игра еден ден подоцна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што е познато на трибините во „Ланксес Арена“ нема да има навивачи.

Ќе потсетиме, на последниот фајнл-фор турнир славеше Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Уште еден репрезентативец на Македонија ќе паузира долго време поради повреда

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се соочува со нов голем …