Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер со нова убедлива победа до Ф4 во СЕХА

Еурофарм Пелистер со нова убедлива победа до Ф4 во СЕХА

Еурофарм Пелистер со уште една убедлива победа (26:36) против Татран Прешов обезбеди пласман на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата.

 Битолчани во Словачка отпатуваа со предност 37-29 од првиот меч, но уште еднаш ја покажаа својата класа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


 Македонскиот претставник имаше фуриозен старт и дојде до предност од 1:5, а потоа само ја одржуваше високата предност во текот на целиот меч.

Костески со 11 и Стевановиќ со 7 гола беа најефикасни ракометари кај Еурофарм Пелистер.

Битолчани во полуфиналето ќе се сретнат со подобриот од натпреварот помеѓу Партизан и Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…