Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер го потврди наследникот на Зарков на клупата на вториот тим

Еурофарм Пелистер го потврди наследникот на Зарков на клупата на вториот тим

Oткако Зарков замина од кормилото на Вториот тим на Еурофарм Пелистер, битолскиот состав денес го потврди неговиот наследник.

Михаил Петровски, долгогодишен ракометар на „пелистерци“, а во последните неколку години тренер во школата на клубот е назначен за главен тренер на Еурофарм Пелистер 2.. Минатата сезона оствари успех со кадетската екипа на клубот, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје. 39-годишниот Петровски ќе го наследи Александар Зарков, кој си замина на истек на договорот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Петровски долги години го носеше дресот на битолската гордост, играше на позицијата десен бек, а еден период беше и капитен на екипата. Покрај за матичниот клуб, Петровски настапуваше и за Констанца, Валанс, Архус, Рингстед, Балатонфуреди, Дабас…

На крајот од месец јули Петровски ќе ги започне подготовките за новата сезона. Тогаш и официјално ќе биде претставен пред медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…