Вечерва се одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на Лигата на шампионите!
Нема дилеми, Манчестер Сити и Тотенхем одиграа епско четвртфинале, а на крајот се радуваше Тотенхем! Првиот натпревар на „Вајт Харт Лејн“ го добија „петлите“ минимално со 1:0, а вечерва беа поразени со 4:3, резултат кој има обезбеди полуфинале против холандски Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Пеп Гвардиола добро започна. Рахим Стерлинг уште во четвртата минута постигна гол за водство од 1:0 на „граѓаните“. Водството на Сити беше анулирано во следните шест минути кога Сон Хеунг Мин два пати ја погодуваше мрежата на домаќините за предност од 1:2.
Само минута подоцна Давид Силва изедначува на 2:2, а десетина минути подоцна Стерлинг со својот втор гол на натпреварот ги враќа „граѓаните во водство.
После бурниот почеток следуваше еден мирен период на игра кога се головите во прашање.
За нов гол се чекаше до 59-тата минута кога Серхио Агуеро после асистенцијата од Де Брујн со еден силен удар обезбеди предност на Сити од 4:2, резултат кој „граѓаните“ ги водеше во полуфиналето. Меѓутоа на петнасетина минути до крајот ветеранот Фернандо Љоренте после еден корнер постигнува гол за конечни 4:3.
Во вториот натпревар вечерва Ливерпул не дозволи изненадување и после победата во првиот натпревар од 2:0 против Порто, вечерва „црвените“ славеа со 1:4. Стрелци на головите за Ливерпул беа Мане, Салах, Фирмино и Ван Дијк. Почесниот гол на Порто беше дело на дефанзивецот, Едер Милитао.
Ливерпул во полуфиналето ќе игра против Барселона.