Дома Македонски спорт Епската контра на Звезда против Баерн – македонската „кобра“ егзекутор!

Епската контра на Звезда против Баерн – македонската „кобра“ егзекутор!

Пред точно 32 години на денешен ден Црвена Звезда го победи Баерн во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на шампионите, а стрелец во тој натпревар беше и Дарко Панчев.

Тој натпревар се памети како еден од најважните натпревари во историјата на црвено-белите. Баерн имаше предност од 1:0, а Звезда успеа да го сврти резултатот и да победи со 2:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Некаде пред крајот на првиот дел Звезда изведе брза контра во која Радиновиќ му додаде на Белодедиќ, па тој до Просинечки кој одлично го пронајде Биниќ за да му асистира на Панчев во петерецот.

Панчев така стрелаше за 1:1, додека пред крајот на натпреварот Савичевиќ погоди и донесе голема победа за српскиот тим. Во вториот натпревар резултатот беше 2:2 и Звезда продолжи во финалето каде што со победата против Олимпик Марсеј се израдува на пехарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…