Управата на Арсенал ова лето ќе има полни раце работа за да ја пронајде замената за Венгер кој по 22 години одлучи да ги напушти „Топчиите“.
Венгер неодамна потврди дека повеќе нема да биде тренер на лондонскиот клуб во кој пристигна 1996. година. Арсенал веќе почна да бара нов тренер, а според пишувањето на англиските медиуми на листата има неколку тренерски имиња.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден од нив е и поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, за кој многу навивачи веруваат дека би бил најдобро решение. Меѓутоа, Енрике прво инсистираше на тоа дека ќе му биде потребна сума на пари ова лето за да доведе неколку засилувања, бидејќи не е задоволен од она што во моментов го имаат на „Емирати“.
Но, „Мирор“ денеска објави дека шпанскиот стратег му поставил нов услов за Арсенал. Наводно, Енрике сака годишна плата од 15 милиони евра, што е многу повеќе од она што „Топчиите“ го нудат. Од Арсенал се подготвени да исполнат само едно барање на Енрике и ќе мора да одлучи дали на лето ќе сака буџет за засилувања или платата која ја бара.