Ракометната федерација на Македонија денес соопшти дека спогодбено се раскинува договорот со Раул Гонзалез.
Ова заминување значи и крај на врската на шпанскиот стратег со македонскиот ракомет. Дефинитивно без дилеми, Раул еден од луѓето кои даде огромен допринос и што македонскиот ракомет денес е на нивото на кое што е (без разлика на послабиот настап на последното Светско првенство).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раул со Македонија се запозна како тренер на Вардар каде што пристигна во 2014 година, дојде од Атлетико Мадрид каде што работеше како асистент.
Работата во Вардар за Раул значеше и прва самостојна работа како тренер и не разочара, напротив после неколку години донесе огромна радост на целата македонска нација.
Од Вардар заедно со големата поддршка од Сергеј Самсоненко направи шампионски тим од кој стравуваа сите во Европа. Круна на одличната работа во таборот на црвено црните беше европската титула во 2017 година.
Tокму таа 2017 година клупата на македонска ракометна репрезентација ја напушти Лино Червар и во тој момент ракометната федерација во Раул виде човек кој идеално би ја предводел и репрезентацијата.
Раул го наследи Лино на селекторската клупа и не можеме да кажеме дека не разочара.
„Горд сум што ќе бидам селектор на Македонија. Веднаш ќе почнеме со работа и јас ќе се вложам максимално, како и секогаш. Мислам дека вклопувањето нема да биде тешко поради тоа што сум тука, во Скопје. Ги знам македонските играчи, сакам во наредниот период да поразговарам со сите посебно и верувам дека ќе се подготвиме добро за предизвикот кој не очекува“, гласеше неговата изјава на претстапувањето на селекторската позиција.
Во двете години како селектор на Македонија, два пати бевме 15-ти на светските првенства (2017 и 2019), додека на Европското првенство во Хрватска во 2017 година ја освоивме 11-тата позиција.
Денес заминувањето од селекторската функција од РФМ го објаснија како спогодбено раскинување на договорот со оглед на тоа дека неговата работа во ПСЖ не му дозволува доволно да биде посветен на водење репрезентација во друга земја.
Како и да е мораме да му кажеме на „Ел Команданте“ едно големо БЛАГОДАРАМ за се што направи за македонскиот ракомет како на клупски, така и на репрезентативен план.
Пишува: Стефан Даскалов