На Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против Малта од 2:1. Иако бевме фаворити, сепак до победата дојдовме потешко од очекувањата.
Во првото полувреме скоро ништо и да не се случуваше, ниту ние, ниту Малта не упати удар во рамките од голот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсериозната закана ако може да се каже најсериозна беше по еден корнер со удар со глава, Елмас на двапати се доближи до шеснаесетникот со опасен напад, но остана без завршница.
Се играше 35-тата минута кога Алиоски нафрли, а Бојан Миовски иако беше во добра позиција, сепак не ја зафати топката најдобро со глава. Повторно Миовски се најде во прилика по нафрлување на четири минути пред крајот на полувремето, но и тоа помина безопасно.
Иста слика на теренот гледавме и по првите 15 минути од вториот дел, тогаш Барди по еден час игра го упати првиот удар во рамките од голот. Во таа ситуација беше досуден пенал за Македонија, но по реакција на ВАР истиот се поништи.
Конечно отпорот на Малта го скршивме во 66-та минута со голот на Елмас, а по тој момент нашата игра изгледаше полесно. Нововлезниот Дарко Чурлинов шест минути подоцна постигна нов гол за веќе сигурна предност на Македонија.
По една конфузија во нашата одбрана Јаник Јанка во 84-тата минута го постигна утешниот гол за Малта и така го постави конечниот резултат. За извдвојување од финишот е пречката на Барди од слободен удар. Селекторот Благоја Милевски поради протести кај судијата заработи директен црвен картон.
Con ustedes el GOLAZO de ELMAS muchachos, se emociona la redonda, se enorgullese la caprichosa, SONRIE LA OVALADA
— Mecedonia del Norte 🇲🇰 ❁ (@macedodelnorte) March 23, 2023
MACEDONIA DEL NORTE 1 – MALTA (🤏🏼) 0 pic.twitter.com/5RqmiVanIm
Во второто коло од овој циклус Македонија е слободна, па во тој термин во понеделник ќе играме против Фарски Острови исто така на домашен терен.