Дома Фудбал Италија Елмас е шести Македонец кој постигнал гол во Серија А!

Елмас е шести Македонец кој постигнал гол во Серија А!

Вчера македонскиот фудбалер Елиф Елмас го постигна првенецот во Серија А во победата на неговиот Наполи од 2:4.

Елмас претходно на два пати немаше среќа. Прво еден не му беше признат поради видео-технологијата, недостасуваше буквално милиметар, а потоа во еден дуел голот беше запишан како автогол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонскиот репрезентативец во Наполи пристигна минатото лето за 16 милиони евра. Кај Анчелоти играше нешто повеќе, но откако Гатузо дојде на клупата Елмас во Серија А не добиваше многу простор за игра. Сепак, вчера Рино се одлучи да го пушти Елмас од првата минута, а тој му врати на најдобар начин.

Со голот против Сампдорија Елмас стана шестиот Македонец кој постигнал гол во Серија А. Пред Елмас во најсилната лига во Италија во листата на стрелци се запишаа: Дарко Панчев, Горан Пандев, Агим Ибраими, Александар Трајовски и Илија Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…