Дома Фудбал Италија Елмас: Во Наполи нема прв или втор тим, сите сме тука за тимот да победува

Елмас: Во Наполи нема прв или втор тим, сите сме тука за тимот да победува

Eлиф Елмас од доаѓањето на Лучијано Спалети на клупата на Наполи добива значително повеќе простор за игра отколку што тоа беше случај кај Џенаро Гатузо.

Спалети веќе неколку пати посочуваше дека е воодушевен од македонскиот репрезентативец и затоа не е ни чудо што Елиф добива поголем простор. Освен што Елмас повеќе игра и Наполи има супер старт во Серија А и засега е перфектен со осум победи во осум натпревари.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Во Наполи нема прв и втор тим. Сите играме за овој клуб и сите сакаме да победиме, тоа е нашата главна цел. И пред натпреварот со Легија знаевме дека ќе победиме и на кирајот успеавме. Знаеме дека кога ќе истрчаме на теренот мораме да дадеме се од себе за да дојдеме до победата. Секоја победа за нас е важна“, изјави Елмас за „Скај Спорт“.

Ќе потсетиме, Елмас во Наполи е веќе трета сезона, а дојде од редовите на Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Германски клуб ја откажа турнејата во САД поради Трамп

Германскиот прволигаш Вердер Бремен ја откажа планираната летна турнеја низ Соединетите Ам…