Се чини дека Вардар обезбедува потпис на уште еден одличен играч. Германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер (26), го раскина договорот со тимот на Кил, а следна негова дестинација треба да биде Скопје и тимот на Вардар.
Уште на саботниот дуел со Рајн – Некар популарниот ракометен експерт Том О’браниген напомена дека во претстојниот период се очекува раководството на Вардар да обезбеди потпис на големо име од ракометниот свет кое моментално игра во германската Бундеслига. Се чини дека тоа име е токму Дисингер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар пред неколку сезони исто така беше заинтересиран за овој ракометар, но пропадна можноста да го облече “црвено – црниот” дрес.