Дома Македонски спорт Експресно се распаѓа проектот на Струмица: По два натпревари си замина и Љафтов

Експресно се распаѓа проектот на Струмица: По два натпревари си замина и Љафтов

Неуспехот и изненадувачката елиминација уште на стартот од ЦЕВ Купот изгледа доведе на експресен распад на проектот „тим-репрезентација“ во Струмица.

По Никола Ѓоргиев кој се пресели во Турција по само два одиграни натпревари клубот го напушти и уште еден репрезентативец.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Александар Љафтов е нов член на ПАОК каде што ќе соработува со македонскиот тренер Јошко Миленкоски.

„Среќен сум што доаѓам во ПАОК. Се надевам брзо ќе се прилагодам и ќе успееме да постигнеме големи работи. Исто така среќен сум што повторно ќе соработувам со својот прв тренер во кариерата, Јошко Миленкоски. Се познаваме навистина добро. Со нетрпение чекам да започнат официјалните натпревари“, изјави Љафтов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…