Лучијано Сплаети ја навреди италијанската легенда, а набрзо доби и одговор.
Во првиот мандат на Лучијано Спалети во Рома екипата на „волчицата“ не можеше да се замисли без Франческо Тоти кој беше срце и душа тимот, човек кој се вртеше се во овој тим. Соработката на тренерот и капитенот беше одлична. Но кога Спалети се врати во Рома, ништо повеќе не беше исто.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоти веќе беше во поодминати фудбалски години иако и понатаму знаеше со еден потег да реши натпревар. И понатаму беше римско богатство, но Спалети одлучи најголемата легенда на клубот да ја стави на клупата за резерви и така започна „војната“ помеѓу овие двајца.
Спалети во вчерашниот ден имаше разговор со навивачите на Рома кој заврши во медиумите.
„Тоти не можеше повеќе да трча“, зборувал Спалети. За овој разговор на италијанскиот стручњак повеќе можете да прочитате ТУКА.
Кога сето ова стигна до Тоти, Спалети доби одговор.
„Спалети? Не познавам таков човек“, кратко прокоментира сега директорот на Рома и само потврди дека повеќе нема никаков контакт со поранешниот негов тренер.