Лучијано Спалети никогаш не знаеше да молчи, а после оваа изјава можеби деновите во Милано му одбројани.
Медиумите во Италија се преплавени од разговорот на Лучијано Спалети со неколку навивачи пред натпреварот помеѓу Интер и неговиот поранешен клуб. Тие успеале да го сретнат пред еден ресторан, го запреле, а тој им објаснил некои работи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тоти не можеше да трча поради тоа не можев да го пуштам да игра, неговото трчање влијае депресивно на останатите“, го објасни Спалети својот однос со легендата на Рим, а потоа откри и зошто си заминал.
„Ми кажаа, пред сите претседателот Палота дека повторно ќе ги продадат најдобрите играчи, а ние завршивме на втората позиција пред Наполи, што е голем успех. Не можев да излезам пред играчите и да им кажам дека и следната сеозна ќе имаат шанси да победуваат, не можев да ги лажам“, зборувал
Ситуацијата не е мнгоу променета и сега во Интер.
„Како ми е тука? Не сакаат да трошат пари, секогаш сме на чекор од депресија и лудило, слично како во Рома. Ни ваму, ни таму, не разбираат дека против ваков Јувентус кој има два одлични тима на располагање не можат да добијат ниту чинија грав, а не Скудето“, искрен беше Спалети.
Сето ова стигнало до медиумите во Италија, па сигуирно дека притисокот врз Спалети сега ќе биде огромен.