Дома Фудбал Останато Експерт за обложување за ПСЖ – Звезда: Ниту азиската мафија не би можела да организира такво нешто!

Експерт за обложување за ПСЖ – Звезда: Ниту азиската мафија не би можела да организира такво нешто!

Kристијан Калб, експерт за спортско обложување кој е со светско реноме за српскиот медиум „Вечерни новости“ даде интервју во кое го образложи своето мислење за обвинувањата од „Л’Екип“ дека Црвена Звезда го наместила натпреварот против ПСЖ.

Францускиот медиум излезе со информација дека лице од клубот уплатило пет милиони евра на пораз на Звезда од пет голови разлика, ќе потсетиме натпреварот заврши со резултат 6:1.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Калб не верува во обвинувањата на „Л’Eкип“ и смета дека е тешко да се поверува во таквите информации.

„Во минатото веќе видовме случаеви каде што еден тим прифаќа да изгуби со одреден број голови разлика, како на пример во големиот скандал во Италија или во Шпанија. Меѓутоа тука сум изненаден од две работи. Прво најголемото изненадување е сумата. Се зборува за сума од вложени пет милиони евра. Никогаш не сум слушнал за такво нешто. Сум слушнал за милион или два, но не за пат. Тоа значи да се превземе голем ризик и покрај добра организација“.

„Доколку некој ми кажеше дека во прашање е пет милиони заработка и би можел да поверувам. Исто така, типот на обложување, на баш пет голови разлика ми изгледа ризичен, посебно кога се работи за таква сума. Ниту азиската мафија која е најдобро организирана не вложува толкава сума за нешто такво“, изјави помеѓу другото Калб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати најголемите желби на Јувентус: „Старата дама“ ќе треба да потроши над 200 милиони евра

Јувентус планира да донесе три силни имиња во текот на летниот трансфер период, но не план…