Португалецот зема и калкулатор во рацете!
Конференциите на Жозе Мурињо во последно време не може да поминат без испад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И овој пат беше на удар на новинарите, а посебно го испровицира изјавата на Џејми Карагер дека Маркус Рашфорд би требало да го напушти клубот.
„Секако дека очекуваме во недела сите тие новинари и стручњаци да ме критикуваат ако Рашфорд не игра против Вотфорд бидејќи се опседнати со мене. Некои од нив имаат голем проблем бидејќи не знаат ништо друго освен да лажат, кога ќе се разбудат наутро прво помислуваат на Жозе Мурињо“.
„Сите знаат дека некои луѓе добиваат две олати, ги плаќаат и одредени клубови, па секако дека нема да биде независни, сакаат работите да одат во правец каков што им одговара. Тоа очигледно, човечки е, но не и етички, но разбирам. Само ги жалам затоа што постојат многу поинтересни работи во животот од Жозе Мурињо“.
„Во сезоната 2016-2017, Рашфорд одигра 32 натпревари во Премиер лигата и 11 во Лигата на Европа, вклучувајќи го и финалето. Три натпревари во ФА Купот. Кога се ќе земе доаѓаме до солидна бројка од 3068 минута, ако тие минути ги поделите со 90, тоа се 34.2 цели натпревари. Минатата сезона одигра 35 натпревари во Премиер лигата, пет во ФА Купот, три во Лига Купот и Супер купот. Вкупно 52 и 2676 минути – скоро 30 цели натпревари“.
„Рашфорд е добро момче и фудбалер, има поддршка од клубот, Ван Гал и мене, никогаш не беше надвор од екипата, освен кога не беше во можност. Луѓето кои зборуваат за недостаток на негова минутажа треба да сфатат дека Рашфорд не е Доминик Соланкер, Рубен Лофтус-Чик, ниту Доминик Калвер-Левин. Навивачите треба да сфатат дека истото го правим со Лингард, Шо и Мектомини“, го заврши Мурињо новиот „циркус“ пред новинарите.