Килијан Мбапе и ова лето е во центарот на вниманието поради неговиот можен трансфер во Реал Мадрид.
Иднината на францускиот голгетер е неизвесна, ПСЖ сега сака да го продаде затоа што не сака да го изгуби наредното лето бесплатно. Мбапе веќе соопшти дека нема намера да го продолжи договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што стојат работите, ако не замине веројатно нема да игра за ПСЖ и засега е надвор од тимот. Мбапе тренира со играчите на кои клубот не смета за новата сезона и не патуваше на летната турнеа во Јапонија.
Таквата ситуација, Мбапе ја користи и да си го продолжи одморот, па сега беше уловен како ужива со две згодни девојки на Сардинија.