Дома Македонски спорт Една неверојатна низа на Лазаров почна во Египет и заврши во Египет 22 години подоцна

Една неверојатна низа на Лазаров почна во Египет и заврши во Египет 22 години подоцна

За капитенот на репрезентацијата на Македонија денес заврши една неверојатна низа.

Лазаров откако дебитираше на Светското првенство во 1999 година постигнуваше гол на секој натпревар на Мундијалите се до денес.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Денес капитенот во бледото издание против Русија играше само во првото полувреме, имаше четири удари кон голот меѓутоа не успеаа да го совлада Киреев. Претходно постигнуваше барем еден гол на сите 41 натпревар.

Откако Русија направи голема предност селекторот Брестовац го повлече од игра и им даде шанса на помладите да собираат искуство.

Низата на Лазаров почна исто така во Египет во таа 1999 година и заврши во Египет.

Првиот гол на Лазаров на светските првенства можете да го погледнете тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…