Дома Македонски спорт Еден час за Елмас, 90 минути за Велковски, Наполи ја доби Ријека ?

Еден час за Елмас, 90 минути за Велковски, Наполи ја доби Ријека ?

За македонската јавност во Лига Европа посебно внимание денес привлекуваше натпреварот помеѓу Ријека и Наполи бидејќи на двете страни имаше по еден Македонец.

И Велковски и Елмас стартуваа за своите тимови од првата минута. Ријека добро го отвори натпреварот и во 13. минута преку Муриќ хрватскиот тим стигна до предност. Наполи успеа да изедначи во финишот од првиот дел преку Деме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Елмас на теренот беше се до 60. минута кога беше заменет од Фабијан Руиз. Неколку моменти пред да излезе од игра Елмас беше блиску да постигне погодок, но неговиот удар заврши покрај голот. До водство гостите од Италија стигнаа со автоголот на Браут. Резултатот од 1:2 се покажа и како конечен.

ЛЕ Резултати:

Рома – Клуж 5:0

Бенфика – Ренџерс 3:3

Хапоел Бер Шева – Леверкузен 2:4

Лех – Стандард 3:1

Лудогорец – Тотенхем 1:3

ПАОК – ПСВ 4:1

Рапид Виена – Дудалк 4:3

Реал Сосиедад – АЗ Алкмар 1:0

Сиваспор – Карабах 2:0

Славија Прага – Ница 3:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…