Даниел Рикиардо денеска можеби ја возеше својата последна трка во кариерата.
На патеката во Сингапур Рикиардо заврши на последната позиција, но во финишот успеа да му го украде најбрзиот круг на победникот на трката Ландо Норис. Со тоа му помогна на Ред Бул и Мак Ферстапен одземајќи му еден бод во генералниот пласман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Премногу емоции, ова можеби е крај. Изморен сум по трката и чувствата се измешани. Се навикнав на кокпитот изминатите години, сакав да уживам во оваа последна трка. Денеска го дадов својот максимум. Може да се каже дека бајката не доби среќен крај…Сепак на се мора да гледам со гордост. Поминав околу 13 години во Формула 1 и навистина сум горд на се што постигнав“,зборуваше Рикиардо со солзи во очите.